Какво е влијанието на филмот врз менталитетот на народот?

0
519

Филмот денес претставува најзначајно посредувачко средство меѓу светските култури, одразувајќи го менталитетот на еден народ, а често и неговата историска позадина.Психолошкото влијание било доста големо бидејќи филмот е тесно поврзан со психологијата и тие почнале заедно да се развиваат. велат психолозите.

 
Филмот, станува репер за нешто ненадминливо : човековото урбано однесување. Личноста што го гледа филмот најчесто се идентификува со ликовите кои го играат филмот, вели Димитровска , но освен таа идентификација додава дека и интеракцијата е доста значајна

А какво е влијанието на сериите, поточно на индиските, турските, и шпанските? Димитровска вели дека и тука постои таа идентификација со ликовите

Апелот на психолозите е граѓаните да прават разлика меѓу филм и сапуници. Да гледаат нешто квалитетно од кое што ќе можат да извлечат поука која што ќе им биде од корист во иднина. Бидејќи животот на обичниот човек пред и по појавата на филмот не е ист; тој претставува една од најексплоатираните „референци“ за самото живеење.