Какво лето имаше битолската ЗОО градина?

0
1774

За да видиме во какви услови живеат животните во овие летни денови  бевме во една летна прошетка. Ако во зима малкумина се решаваат да ја посетат зоолошкта градина во Битола во летниот период најмогу ги има бабите и дедовците кои што ги водат своите внуци во зоолошката да ги видат животните. Возрасните велат дека е добро направена зоолошката градина, но дека треба уште да се вложува а дечињата ја бараат жирафата

zoo 2
-Добро е, доаѓам често со моите внуци, најчесто доаѓаме во викендите, вели посетите на ЗОО Бтола

-Доаѓаме често, интересно е, има многу животни, ни недостига жирафа, рекоа дел од децата

zoo 5

Ако во 2014 година имало 10.000 посетители во текот на годината, лани тој број достигнал до 21.000 посетители, вели директорот на ЗОО. Во последната година биле  вложени 2 милиони денари во подобрување на условите во живеалиштата на животните. Од годинава организираат и роденденски забави

zoo7
– Има катче за најмалите тоа е донација од Мировниот корпус , имаме и продавница со храна и пијалоци, а од годинава организираме и роденденски забави, изјави Ѓоко Дамески директор на ЗОО во Битола

zoo 6
Посетителите на зоолошката градина во Битола покрај останатите жители во градината,  може да ги видат и двата кенгури и двата мајмуни. Животни кои што битолската зоолошка градина во пролетта  ги доби како подарок  од скопската зоолошка градина .

zoo3

Во моментот битолската зоолошка градина располага со околу 30 до 40 видови на животни, со околу 300 единки од кои најмногу се птици.