Какво време ќе имаме утре?

0
2136

По високите температура од 40 степни целзјусови , викендов драстично паднаа температурите. Така продолжи и денес. Утрово во Битола беа измерини само 12 степени, а најладно беше во Маврово, Крушево, и Тополчани со температура од 8 степени.

До денес до 8 часот во Битола наврнаа 18 литри дожд на метар квадратен . Најмногу дожд наврна во Гевгелија со 49 литри на метар квадратен .

Според информациите од УХМР денеска претпладне времето беше претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови каде имаше и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

Врнежите од дожд во изминатите 24 часа не претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во државата. Водостојот е далеку од граничниот праг на излевање, соопшти утринава Управата за хидрометеролошки работи.

– Иако на некои водотеци се очекува зголемување на водостојот, сепак поголемите реки се далеку од граничниот праг на излевање и нема опасност од нивно евентуално поплавување. Врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа најобилни беа во југоисточниот дел на земјава (Берово 43 мм, Гевгелија 41мм, во Струмица и Демир Капија по 18 мм), но според информациите од метеоролошките станици не беа со силен интензитет и за подолг временски период се сливаа во речните сливови, што со оглед на моменталните ниски водостои не претставува никаква опасност за водотеците низ земјава, појаснуваат УХРМ.

Оттаму посочуваат дека единствена опасност и закана од можни локални излевања може да бидат само силно интензивни врнежи кои за кратко време би наврнале во сливните подрачја на помалите реки и суводолиците. – Доколку во текот на ноќва паднат врнежи со ваков силен интензитет и бидат сконцентрирани на помалите сливови можно е брзо надоаѓање на водите во помалите реки и суводолиците, а при појава на екстремни врнежи, и локални излевања на поедини места. Ова особено се однесува на водотеците во југоисточниот дел на земјава каде според прогнозите е можна појава на пообилни врнежи, велат од УХРМ.

Предупредуваат на внимателно движење покрај малите реки и суводолиците каде е очекувано брзо надоаѓање на поројни води и каде има опасност од појава на свлечишта и одрони.