Какво време не очекува до крајот на неделата

0
355

Врнежите од дожд во петок во претпладневните часови ќе престануваат, попладне ќе биде умерено облачно. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени. Од сабота стабилизација на времето но и пад на утринските температури. Во сабота студено утро, со утрински температури кои ќе се движат од 1 до 10 степени. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 7 до 16 степени. Студено утро не очекува и во недела со утрински температури кои ќе се движат од -2 до 7 степени, во текот на денот сончево и потопло и со дневни температури од 12 до 21 степени.