Какво време нé очекува оваа работна недела?

0
216

Оваа скусена работна недела ќе помине во знакот на постепен раст на температурата и во претежно сончево време. Мало зголемување на облачноста се очекува во вторник, и тоа во планинскиот предел во северозападниот крај. Оваа облачност ќе донесе и услови за краткотраен дожд во околината на Шар Планина.

Во среда веќе потпаѓаме под изразено антициклнонално влијание, што ќе ни обезбеди стабилно, суво и сончево време до крајот на работната недела.

Во однос на температурата очекуваме постепен пораст од ден на ден. Утрата и понатаму ќе бидат свежи, а минималната температура низ котлините ќе има вредност оод 14°С до 17°С.

Дневните максимални температури ќе имаат вредност од 32°С до 34°С во повардарскиот крај, околу 30°С во Пелагонија и до 32°С во котлините од источниот крај. Повисоките места во источниот крај очекуваат максимална температура од 26°С до 29°С. Овие вредности на максималната температура се очекуваат се до среда, а во четврток се очекува пораст на максималната температура за околу 2 степени, прогнозира порталот Метеопро.