Какво време не очекува за викендот ?

0
848

Од УХРМ најавува нестабилно време во текот на викендот . Следува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи.
Денес во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне и околу пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе биде во западните, а попладне во југоисточните делови.
За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.