Калица ја презентираше првата самостојна изложба во Битола

0
6327

Unexpected е насловот на првата самостојна изложба на младата фотографка Симона Калица, која премиерно битолчани ја погледнаа во мезе бар Јагода.

Симона е млад талентиран уметник, голем љубител на уметноста и сите скриени и необични нешта во неа. Студира правни студии, меѓутоа главно се занимава со фотографија.
На почетокот, фотографијата за неа претставувало големо задоволство кое што сега се претворило во пасија.

– Ти си го знаеш својот свет подобро од било кој друг, затоа претстави го-вели Симона.

Изложбата беше поддржана од СФЕРА Македонија.