Камчев обвини, Цермат возвраќа со соопштение околу случајот ФК Пелистер

0
4291

На свечена прес-конференција вчера во Битола целиот акционерски и раководечки тим на Пелистер ја заокружи сезоната во која Пелистер го освои Купот на Македонија, а излезе и во Европа по четврти пат во својата историја. Сепак во името на бордот на директори и акционери на клубот, Јордан Камчев апелираше на проблем кој акционерите го наследија од претходните сопственици.

„Ние за неполна сезона вложивме 750.000 евра, наспроти нашите претходници кои исто така се моќна битолска фирма, а за две сезони позајмиле на клубот 14 милиони денари преку две нивни фирми. Тие според договорот требаше да вложат 390.000 евра по сезона. Го повикувам градоначалникот, советниците и навивачите да направат максимум да го решат овој голем проблем, бидејќи во спротивно ние ќе се повлечеме од клубот. Не сакаме во новата сезона да влеземе со нерасчистени сметки од нашите претходници. Впрочем, и во договорот што го потпишавме стои дека одговараме за обврските од датумот на превземањето на клубот. Нашиот буџет за сезоната 2017/18 е скоро милион евра, а доколку треба да ги платиме и туѓите долгови на нашите претходници, тој драстично ќе се намали и успехот ќе биде доведен во прашање“, истакна Камчев.

Овие зборови на Камчев беа упатени директно кон претходниот сопственик на клубот, битолската компанија „Цермат“, која денес веднаш излезе со демант, кој ви го пренесуваме во целост.