Камерниот оркестар на Битола за отварање на јубилејното издание на Бит фест

0
175

Битола по десетти пат го живее и го создава Бит фест.

Битолското културно лето им дава шанса на сите со своите постигнувања да се престават пред битолчани.

– За време на одржувањето на фестивалот, Битола е отворена сцена на која покрај битолчани и бројните туристи имаат можност во зависност од своите афинитети да уживаат во настапот на бројните уметници и да проследат бројни културни содржини-истакна градоначалникот на Битола,д-р Владимир Талески.

bitfest2.jpg

Бит фест 2015 започна со концертот на филмска музика на Битолскиот камерен оркестар, настапи оперската дива Весна Гиновска-Илкова,Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Ирена Димовска, Бојан Стојков, Нико Ѓоргиев.

Покрај камерниот оркестар и солистите на сцената на народниот театар, настапи и Бутелион класик хорус.

bitfest3.jpg

Концертот за отварање на јубилејното издание на Бит фест, со право предизвика огромен интерес кај публиката, која до последното место ја исполни салата на НТБ и во вистинска смисла на зборот ги понесе сите атрибути на прекрасно музичко доживување.