Камерниот оркестар од Битола со турнеја низ Македонија

0
606

Битолскиот камерен оркестар кој работи под покровителство на НУ Центар за култура-Битола во текот на јули ќе одржи концерти под наслов „Рок симфонија“ во Штип, Кавадарци, Битола и во Скопје.

Според Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура, камерниот оркестар на Битола во четвртата година од своето постоење постигнува вистинска зрелост за поголема турнеја низ државата.

– Во текот на месец ов Камерниот оркестар на Битола ќе приреди неколку концерти под наслов „Рок симфонија“ во Штип, Кавадарци, Битола и во Скопје каде ќе учествува на затворањето на фестивалот „Скопско лето“. Првиот концерт ќе се одржи на 25 јули на ракометното игралиште во Битола затоа што има можност за повеќе илјадна публика, а потоа ќе се одржат и другите концерти закажани за под отворено небо, истакна Димитровски.

Камерниот оркестар на Битола првата македонска летна турнеја и концертот „Рок симфонија“ ќе го реализира со 25 членови на оркестарот и солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов.