Камерниот оркестар во руска музичка приказна

0
304

Камерниот оркестар на Битола кој работи во рамките на Центарот за култура, го одржa својот прв концерт за оваа година „Подмосковските вечери“.
Станува збор за целовечерен концерт на руски композитори и романси, под диригентство на Алесандро Д’ Агостини, кој го истакна задоволството што повторно има можност да диригира со овој оркестар.
На концертот настапија Марјан Николовски-тенор, Наде Талевска-сопран и Драган Микаровски-баритон.
Програмата беше составена од делата на Чајковски, Бородин, Мусогорски, Шостакович, Прокофјев, руски романси.
Руската музика е од особено значење за целокупниот развој на класичната музика-истакна диригентот и додаде- Функционирањето на оркестар од ваков вид е неопходно за еден град со долгогодишна музичка историја како Битола.
Минатата година камерниот оркестар на Битола беше исклучително успешен со 5 концерти, а годинава освен во нашиот град се планира да учествува на затворањето на „Скопско лето“. До крајот на 2016 се планирани уште 3 концерти.
За диригентот Д’ Агостини , по 2014 година, ова е второ гостување и заеднички настап со камерниот оркестар на Битола.