Камион се преврти кај Кукуречани

0
3191

Синоќа 20 миниту по полноќ охридски камион се преврти на патот Битола- Прилеп пред клучката кај Кукуречани.

Како што велат од битолската полиција станува збор за влекач марка Мерцедес и полуприколка марка Кроне управуван од лицето С.Л. родено 1960 година од Охрид.

Возачот изгубил контрола над камионот пред раскрницата, излетал лево од патот и се превртил.

На клиниката во Битола му биле констатирани телесни повреди.

Без коментари