Камион се преврти на булеварскиот влез на Битола

0
365

Камион се преврти на коловозната лента на булеварскиот влез во Битола кога се влегува од страната на Прилеп. Според првичните информации на битолската полиција нема повредени лица, освен што е причинета материјална штета. Дополнителни детали не соопштуваат, бидејќи во тек е увидот на лице место. Таму се наоѓа и возило на противпожарната единица на Битола. Како дошло до превртување на камионот треба да покаже истрагата.