Камион со мигранти на стариот пат Скопје-Куманово

0
490

Вистинска драма се случувала на стариот пат помеѓу Скопје- Куманово вчера, односно во близината на село Орланци, кога екипата на ТВ21 регистрирала камион кој транспортира над 100 илегални мигранти.

Помеѓу мигрантите имало деца, жени и стари луѓе, кои поради страв и вознемиреност кои го доживеале не сакаа да зборуваат пред камерата. Најголем број беа од Ирак, Либија и Курдистан.