Кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ промовирана во Битола

0
561

Пред членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, членот на Извршниот комитет на партијата и заменик претседател на македонската Влада, Зоран Ставревски истакна дека политичарите од неговата партија секогаш може да се гледаат во очи, наспроти оние од СДСМ кои секогаш го вратат грбот на народот.

– Да ги погледнеш луѓето во очи значи да имаш доблест да го кажеш тоа што си го направил, да одговориш на многу прашања, да истрпиш критика ако си можел нешто подобро да направиш, да добиеш совет и да продолжиш да работиш подобро во интерес на граѓаните. Секој граѓанин го заслужува нашето внимание и секој граѓанин ќе биде пречекан со неговите идеи и размислувања, порача Ставревски на средбата со битолчани.

Според Ставревски, во изминатите девет години во Република Македонија креирани се околу 140.000 нови работни места, и тоа во услови на разни кризи во Европа и Светот.