„Камперите“ на бостан низ битолските раскрсници

0
3359

Во Битола пазар е во вторник и петок, но последниве години оваа констатација е само приказна од минатото. Денешната сторија не е за пазарот во Битола, туку за оние кои прават пазари каде што ќе им текне. Бројни реакции за условно речено „камперите“ со лубеници по тротоари. Бројни реакции во јавноста со негодување за ваквата слика.

На влезот од пазарот од страната на Дулие ќе ве пречекаат дивите продавачи на камиони со лубеници и дињи. Но ваква сликата не е само во овај дел од градот. Вака е на секоја раскрсница од градот, каде што има голема фрекфренција на луѓе и возила и на секоја поголема јавна површина, која што буквално е узурпирана од дивите продавачи.Често можиме да ги забележиме и во близина на контејнери .

-Грда е сликата на градот. Но мора и тие да вадат за леб. Мора надлежните да го решат овај проблем, велат дел од граѓаните

Проблемот со бесправната трговијата е во надлежност на пазарниот инспекторат и тие најчесто ја водат битката со дивите препродавачи.

-Ни доаѓаат иснпекции постојано, постојано не бркаат, плаќаме и казни, но нема што да правиме, мора на некој начин да заработуваме, вели продавач на камиот со бостан пред влезот на пазарот

Ова пак се оние продавачи од легалниот пазар во Битола.

– И тие треба да си го вадат лебот на некој начин, велат дел од продавачите во битолскиот пазар

Од ЈП Пазари велат дека дивите пазарџии освен што претставуваат нелојална конкуренција , претставуваат и грда слика на градот.

-Закупците на тезги што ние ги имаме во пазарот склучуваат договори на годишно или пак месечно ниво, и истите претставуваат предмет на оданочување, додека дивите продавачи на бостан што се пред пазарите во Битола и на раскрсниците , не претставуваат предмет на оданочување, а со тоа не губиме ние само како ЈП Пазари, со тоа што не наплаќаме месечен надомест од самите нив, туку и самата држава, односно УЈП кои што не можат да ги оданочат. Исто така тие тука се дојдени по повеќе члена од фамилијата и остануваат и по десет дена, практично тука живеат, и хигиената е на минимално ниво, на што реагираат и граѓаните на општина Битола, изјави Сашо Стаматов, директор на ЈП Пазари-Битола.

Закупот на просторот на пазарите за продажба од камион чини од 9.000 до 12.500 денари и добиваат простор од 12 квадратни метри. Но проблемот не е тоа. Тие ја плаќаат цената и наместо да продаваат во тој простор, оставаат празен камион, а со два или три други камиони се паркираат на погодни места и нудат овошје и зеленчук.Така практично немаат конкуренција и користа им е поголема наместо да се стационирани заедно со другите тезгаџии на пазарот, вели Стаматов, и додава дека мора сите надлежни институции да стават крај на оваа појава

-Надлежните институции:пазарната инспекција, МВР, Агенцијата за храна и комуналната инспекција, треба сите да се вклучат во отстранување на дивите продавачи од камиони кои се надвор од пазарот, бидејќи во нив лежи одговорот. Ние како ЈП Пазари можеме да бидеме логистика, односно да асистираме во таа работа, бидејќи наша надлежност е решавање на проблемите внатре во пазарот, вели Стаматов

Факт е дека секој сака да купува од најблиското место, но исто така е факт дека на секоја раскрсница не можи да има пазар. За оние помрзливите има и подвижни пазари кои со викање ќе ви кажат дека лубениците и дињите ви се пред куќа.

 

 

 

Без коментари