Канабис засадил на нива во Битолско поле

0
4112

„ СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.В. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенокривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори “.

Пријавенот откако неовластено набавил семе од растението Канабис го засадил на нива во Битолско поле, со цел неовластено производство на опојна дрога марихуана. Марихуаната ја засадил во месец Март 2017 година и ја одгледувал на начин што ја копал, ретчел, плевел и наводнувал.

Од страна на ПС при СВР Битола постапено е по добиени оперативни сознанија, излезено на лице место, и на 24.06.2017 година во утринските часови затекнато е пријавеното лице.Лице местото е обезбедено, извршен е увид и известен ЈО. Од извршениот увид констатирано е дека местото било засадено со 4 реда марихуана или вкупно 162 стебла.

Од извршенотовештачење утврдено било дека растенијата се во свежа состојба со висина од 18см до 92см со развиен корен, стебло и лист и припаѓаат на растението Канабис. Со обработка на врвните делови- вршунки и лисја од растението Канабис може да се добијат приозводи кои се користат како опојна дрога- марихуана, хашиш и др.

Пријавениот е лишен од слобода и заедно со кривичната пријава предаден на Судија за претходна постапка во ОС Битола.

СВР Битола продолжува со превземање на оперативно тактички мерки и активности за откривање на други лица инволвирани во оваа активност“ стои во соопштението на полицијата.