Канада ја засилува безбедноста на летовите

0
218

Канадската Влада соопшти дека ја засилува безбедноста на некои летови што доаѓаат од странство, пренесоа француските медиуми.

Мерката не предвидува забрана за носење на електронска опрема поголема од телефон во патничките салони, како што направија САД и Велика Британија.

Министерот за транспорт Марк Гарно одби да соопшти повеќе детали за мерката и за летовите или засегнатите земји, но рече дека таа се носи заради безбедносни ризици.

– Одлучив да применам дополнителни мерки кон некои летови што доаѓаат во Канада од некои аеродроми во странство, за да гарантираме поголема безбедност – изјави Гарно.