Канада потона во рецесија поради ниската цена на нафтата

0
298

Канадскиот бруто домашен производ (БДП) падна во вториот квартал 0,5 отсто на годишно ниво, ослабнувајќи второ тромесечје по ред, со што економијата влезе во рецесија, како последица на ниските цени на нафтата.

 

Канада првпат влегува во ресија по финансиската криза 2008-2009 година, но тогаш причината за падот на економијата беше крахот на пазарот на недвижности.

Сега, пак, Канада во рецесија ја воведоа ниските цени на сировините, особено на нафтата, а најмногу се погодени регионите во кои најмногу се произведува „црното злато“, како Алберта и Саскечеван.

Според податоците на канадскиот завод за статистика, падот на економијата е последица на острото намалување на инвестициите и бавниот раст на залихите во вториот квартал.

Покрај тоа, индустриското производство паднало за два отсто во однос на претходното тромесечје, при што производството во рударскиот и нафтениот сектор потона за 4,5 отсто. /крај/мф/ап

Без коментари

LEAVE A REPLY