Канада се повлекува од борбата против Исламска држава

0
3150

Новиот канадски премиер, Џастин Трудо, соопшти дека на претседателот Барак Обама му порачал дека канадските авиони ќе се повлечат од борбата против Исламска држава.

Тој не прецизирал кога ќе се случи тоа.

Трудо на прес-конференција рекол дека со Обама разговарал по телефон и дека јасно му кажал дека борбената мисија на Канада завршува.

„Тој го сфаќа ветувањето што го дадов дека ќе ги прекинам борбените мисии“, им рекол Трудо на новинарите, пренесе Ројтерс.

Канада минатата година испрати борбени авиони ЦФ-18, кои требаше да останат во мисијата до март 2016 година, како и 70 специјални сили за да ги обучуваат Курдите во северен Ирак.