Канадери и 150 војници се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Макарска

0
603

Канадери и 150 војници се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Макарска, кој веќе втор ден хрватските пожарникари се обидуваат да го стават под контрола.

Туристите кои беа евакуирани од три хотели во Тучепи на Макарската ривиера (Јадран, Нептун и Тамарис) се вратиле во хотелите обидувајќи се да им помогнат на пожарникарите да го изгаснат огнот што се шири, но биле предупредени веднаш да го напуштат местото. Како што јавуваат хрватските медиуми, и дел од селаните беа евакуирани во раните утрински часови поради пожарот што избувна во Горњи Тучепи. Околу 200 пожарникари успеаја да ги одбранат хотелите од огнот, јавија хрватските медиуми.

http://makfax.com.mk