Канатларовски на клупата на мостарски Вележ

0
569

Битолчанецот Драган Канатларовски е нов тренер на босанскиот прволигаш Вележ од Мостар. Македонскиот тренер последниот ангажман го имаше во српскиот состав на Нови Пазар. Претходно работеше и во Спартак Суботица, Локомотив Пловдив, Вардар, Победа, Беласица, а во два наврати беше селектор на најдобарата македонската фудбалска репрезентација. Моментно во најсилната босанска лига после осум кола Вележ е на последното 16 место со четири бодови. Дебито на клупата нашиот поранешен селектор ќе го има на дуелот против сараевски Олимпик на домашен терен овој викенд.

Без коментари

LEAVE A REPLY