Канческа-Милевска му се заблагодари на Талески

0
1610

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор по повод почетокот на четвртото издание на „Битола Шекспир фестивал“, меѓу другото, упати пофалби до градоначалникот Владимир Талески за неговиот придонес за развојот на културата во градот.

„Благодарност до градоначалникот Владимир Талески за соработката во културата. Со неговите заложби во изминатите години имавме голем успех во културниот развој на Битола“  рече министерската Елизабета Канческа-Милевска за време на посетата на Битола.