Канческа – Милевска на распит во Кривичен суд

0
241
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и прво осомничена во еден од двата најнови случаи на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ дојде на распит во Кривичниот  суд.
Во судот утрово дојде обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО.
Претходно, СЈО од судот побара на министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска осомничена во случајот „Тендери“ како мерка на претпазливост да и биде одземен пасошот и да се пријавува во судот еднаш неделно, поради постоење околности кои упатуваат на опасност од бегство.