Кандидатот за градоначалник Илиоски со кандидатите за советници ја почнаа кампањата

0
1697

Битола ја гледам како град на млади луѓе кои се убедени дека токму овде ќе најдат просперитетна иднина и повтрда на своето образование, стручност и квалитет.  Град кој ќе создава услови за нови работни места и ќе се развива потпирајќи се на потенцијалот на своите млади сограѓани. Битола заслужува да биде град со сите урбани обележја во кој жителите нема да се грижат за банални проблеми, кал и дупки на улиците, чиста и безбедна вода за пиење, соодветно депониран смет и високи санитеско хигиенски услови. Битола заслужува да биде образовен и културен центар со висок углед во академските и културните кругови – расадник на ценети и почитувани авторитети во сите области, не само во Македонија туку и во светот. Широк Сокак заслужува да биде посакувана и примамлива дестинација на патници и туристи на кои треба да им покаже што имала, што сочувала, но и што надоградила врз градското наследство од различните култури, вери и народи кои тука живееле и живеат. Битола мора да биде град на сите – на мажите и жените подеднакво, на Македонците, Турците, Власите, Ромите, Албанците, Србите, Бошњаците … на граѓаните од градот и граѓаните од селата, на ранливите категории, на лицата со посебни потреби, на пензионерите, на спортистите, на навивачите … град со еднакви шанси и грижа за сите. Но нашата програма не е затворен документ. Како никогаш до сега сме подговтени да го сослушаме секој ваш предлог, секоја идеја и доколку нешто што е максимално издржано и неопходно, а сме сме го превиделе и пропуштиле, да се обврземе јавно дека заеднички, во партнерство со вас ќе го решиме. Политичката борба треба да биде натпревар на идеи,комептенции и вредности , а не меѓусебни напади на политичките противници и ние сме цврсто убедени дека иднината на Битола и Македонија зависи само од работа, работа и уште посветена работа, а не од манипулации, ветувања и интриги“ рече меѓу другото  Зоран Илиоски кандидат за градоначалник на Битола кој денеска ја одржа својата прва прес конференција заедно со кандидатите за советници.

Без коментари