Капија падна врз глава на дете и го усмрти на лице место

0
1103

Седумгодишно дете починало на самото место откако капија на којашто се качувало, му паднала врз глава.

Несреќата се случила во вторникот вечерта околу 20.30 часот во тетовското село Вратница.

Детето додека играло со други деца се качило на капијата, од којашто паднало, а потоа паднала и капијата којашто го удрила во главата.

Од здобиените повреди детето починало на местото на настанот