Kara oglu house ново место за уживање во гурманлоците на турската кујна

0
994
Турската кујна се смета за една од трите најдобри во светот. Комбинацијата на различните рецепти, употребата на природни состојки и зачини кои ги задоволуваат сите сетила, сега е достапна и во Битола .
Во амбиентот кој дише во ориентален дух, во гостилницата Кара оглу хаус, битолчани но и гостите во нашиот град, може да ги пробаат различните јадења и десерти кои со многу љубов и умешност ги подготвуваат вештите раце на мајсторите.

Во турската кујна, големо значење имаат и различните видови на супи, а особено чорбите.

Од турските специјалитети тука гостите може да ги пробаат Лахмаџун, пиде, специфично за Источна Турција, турските ќофтиња и многу други.

Турската кујна е позната и по бројните мезиња, кои се сервираат како предјадење со или без пијалок.

Тука е и неизоставниот турски чај. Уметноста на конзумирање и приготвување на турскиот чај е единствена.

Да го повикате некого на чаша чај во Турција претставува вистински гест на гостопримство. Ако во Турција ве понудат со чај, не одбивајте, така ќе ја заслужите на вистински начин почитта од домаќинот.
Чајот се служи во стаклени чаши наречени “чајбардак” стеснети во средината. Во вакви стаклени чаши чајот подолго време останува топол.

Покрај турската кујна, гостите може да уживаат во македонската кујна но и брзата храна.
Гостилницата Кара оглу хаус, е единственото место во Битола, каде можете да ја почувствувате топлината на турската кујна.
Квалитетот, љубезноста и поволните цени, се синоним за услугата и гостопримството на ново отворенета гостилница Кара оглу хаус.
Оваа гостилница се наоѓа наспроти домот на АРМ. до кафе бар Тач.