Караиванов го втурна Пелистер во криза

0
339

Охрид – Пелистер 22:21 (9:7)

Охрид:

Пецаков, Костески, (Колев 13 одбрани), Караиванов 8, Павловиќ 6, Андоновски, Кежиќ 2, Хогас 5, Белевски, Трифуноски, Тасески, Печенковски, Новаковиќ, Вражалица 1.

Пелистер:

Даниловски, (Арсиќ 11 одбрани), Крстески, Велјаноски 1, Ивановски, Гинов 1, Дрогришки 6, Митрески, Чачиќ 6, Николиќ 2, Тодоровски, Топиќ 3, Маркудов, Стојаноски, Георгиевски, Рајатовски 1.

Петти натпревар и четврт пораз на ракометарите на Пелистер во новата Супер лига. Во израмнет натпревар момците на Игор Николовски загубија од солидниот Охрид. Почетокот на првиот натпревар пред охридска публика го одбележа грчот во нападот и перфектната игра во одбраната на домашната екипа. По играта гол за гол, домаќините во последната третина од првиот дел се одлепија и на одмор заминаа 9:7. Охриѓани со погодок го отворија вториот дел и стигнаа до највисоките +3. Но „зелените“ возвратија со иста мера и го изедначија резултатот на семафарот.  Охридските ракометари одновно стекнаа водство (17:14), но повторно гостите се вратија во игра и натпреварот влезе во неизвесна завршница. Поддршката од „Рибарите“ и трибините одиграа клучна улога. Охриѓани смогнаа сили и со неколку клучни удари им донесоа трета победа во серија на своите навивачи.

 

ФОТО: www.ohridnews.com

Без коментари

LEAVE A REPLY