Карапец: Ќе изградиме нови градинки

0
2914

– Во моментот во Битола 360 деца се на листи на чекање за упис во градинки во Битола, а постоечките групи пренатрупани со огромен број на деца.
Но, за среќа, ерата на ВладимирТалески и на неговото ВМРО ДПМНЕ завршува.
Во последните четири месеци покажавме и докажавме дека можеме поинаку, да работиме чесно, домакински и во интерес на граѓаните.
Нашите најмлади заслужуваат подобри услови за воспитување, згрижување и социјализација.
Затоа, како локална самоуправа ќе преземеме конкретни мерки и активности за подобрување на квалитетот на живот на нашите најмлади.
– Конечно, ќе насочиме огромни средства во капитални инвестиции за изградба на нови и доградба на постоечките детски градинки во Битола, со што ќе се зголемат сместувачките капацитети во градинките.
– Ќе се санираат постојните инфраструктурни проблеми во постоечките градинки.
– Ќе се збогатат постојните детски градинки со надгледни помагала.
– Ќе се преземат сите неопходни мерки за подобрување на квалитетот на храна во градинките, со цел создавање на здрави навики за здрав живот, изјави Соња Карапец кандидат за советник на СДСМ и коалицијата

Без коментари