Каратистката Наташа Илиевска е новиот претседател, а Ѓуро Илиќ потпретседател на ССФМ

0
846

Најпознатата наша каратистка, Наташа Илиевска во следниот циклус од четири години ќе раководи со ССФМ. На седницата на УО вечерва беше избрано и ново раководство. Марјан Начевски, кој беше претседател во претходните девет години, е избран за почесен претседател на ССФМ како признание за неговата досегашна успешна работа и промоција на ССФМ. За потпретседатели на ССФМ се избрани: Ѓуро Илиќ од општинскиот сојуз на Битола, и Мустафа Алиу од федерацијата на училишен спорт. Нови членови на УО на ССФМ се: Филип Милошевски (ракомет), Филип Поповски (фудбал), Атанас Николовски (кајак), Љубомир Лазаревски (борење), Дејан Ангеловски (атлетика), Наташа Неделковска (кик-бокс), Ивица Хаџи-Иљоски (одбојка), Димитар Џонов (општински сојуз Штип), Сашко Ванчевски (општински сојуз Велес), Драган Атанасовски (општински сојуз Тетово), Катерина Спасовска – професор на ФФК – менаџерски тим, Врбица Стефанов – менаџерски тим Членови на надзорниот одбор се: Ристо Петров (куглање), Герман Боглев (федерација на училишен спорт) и Јованче Јанковски (велосипедизам).