Караванот на Вулко во Битола

0
863

Често сме зборувале за тоа колку е важно гумите на вашите автомобили да бидат соодветни на годишното време. Ова не дека е непознато за возачите, но често правиме компромис заради економските состојби, со замената соодветна на приликите.

Некогаш тоа може да биде трагично на патиштата. Сега кога е време на годишни одмори и кога повеќе сме во автомобилот отколку надвор од него, удобноста со вашата клима внатре, важно е да се зголеми и со тоа да имате соодветни и безбедни гуми.

Тргна караванот на Вулко од Прилеп, синоќа тие беа на плоштадот Магнолија во Битола, каде што ја претставија својата програма и попустот кој го нудат за клиентите.

Вулко претставува мултинационален франшизен ланец на брзи сервиси кој е дел од концернот Goodyear, на кого му веруваат возачите на автомобили од цела Европа. Распространет е пред сè во Франција, Белгија, Шпанија, Словенија, Хрватска и Србија.

Вулко им нуди на своите потрошувачи широк асортиман на производи и услуги. Кај Вулко, на едно место, може да се купат пневматици, стручно да се монтираат и балансираат на вашето возило. Според потребите, неговите вработени вршат поправка или замена на амортизери, резервни делови на издувниот и системот за кочење, акумулатори, моторно масло, како и многу други сервисни услуги, зависно од потребите на купувачот.

Првиот VULCO во Македонија! Во прилеп Овластен затапник за Македонија на Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava, Debica и Kelly.