Карес носи мирисна магија за секој простор

0
275

Карес е местото, каде урбаниот човек, во потрага по софистицирана естетика и функционалност ќе најде сè за домот. Нивната цел е да ги задоволат комплетно потребите на домот, почнувајќи од ентериерно решение, комплетна понуда на италијански мебел, па до деталите кои тие ги нарекуваат “homeware art”.

Секогаш во тек со светските трендови, во Карес ќе најдете производи од повеќе реномирани европски брендови. Особено се залагаат да понудат квалитетни производи, кои траат.

Mr&Mrs Fragrances е коктел од интереси и вредности кои Mr. Massimo Esposito и Mrs. Simona Guerini ги открија и посветија во последниве 5 години на соработка: страст за патување, фотографија, уметност и миризби кои се користат во различните култури во светот. Од 2010 година, Massimo и Simona здружија група од страствени претрпиемачи, кои ја делат нивната визија: Да создадат бренд, кој ќе биде репрезент во светот на парфемите и дизајнот, изразени преку технологија.

Од тогаш наваму, за само 6 години, Mr&Mrs Fragrances успеаа да создадат огромна колекција на парфеми кои се игриви, а сепак префинети производи. Новите електронски распрскувачи на мириси на Mr&Mrs Fragrances го променија начинот на освежување на ентериерите.

Mr&Mrs Fragrances денес е препознатлив бренд кој може да се најде во повеќе од 24 држави ширум светот.

Иновативниот уникатен дизајн на препознатливиот електронски распрскувач на мириси George, кој ќе ја освежи просторијата во која се наоѓате со вашата омилена арома. Поминете го попладнето дома со пријатната миризба и музиката која ќе ја пуштите на вашиот George.

– 3D фигурите за освежување на воздухот во вашиот автомобил со 16 различни ароми, со неверојатна истрајност од 45 дена, како и новите ароматизери за вашиот гардеробер кои доаѓаат во 6 различни ароми, изработени со етерични масла, кои штитат против молци и траат околу 90 дена.

Niki е совршениот сопатник за на пат. Niki се гушка, ви вели Здраво и сака целиот пат да го помине со вас. Niki е во тренд, мириса прекрасно и обожава да го гледа светот од прозорот на вашиот автомобил. Патување без Niki е патување без емоции.

Инспириран од бајките, нежен и деликатен, само за вашиот дом.

Sissi е вашиот електронски миризлив распрскувач во форма на мала птица која стои на гранка. Работи со капсули, во 28 различни ароми.

Изложбениот и продажен простор на Карес, се наоѓа на Бул 1-ви мај во Битола, по десната страна на Реката Драгор помеѓу Дрвениот и Ленски мост.

Посетете ги.