„Кариерниот центар за нас“-трибина на БАС

0
391
Денес во рамките на БАС се одржа трибина на тема ,,Кариерниот центар за нас” на која студентите ги презентираа резултатите од спроведеното истражување на Кариерниот Центар. На трибината беше потенцирано значењето на Кариерниот Центар за стекнување на вештини кај студентите во насока на полесно вработување.
КЦ на БАС е основан минатата година и преку неговата активна работа студентите се стекнуваат со професионални компетенции.
Тоа им овозможува да бидат активни учесници на пазарот на трудот, преку пракса во текот на нивните студии и им обезбедува контакти на студентите со бизнис заедницата, по нивното дипломирање. 
Гости на трибината беа претставници од АВРМ кој на еден професионален начин ги запознаа присутните што денес се бара од  кандидатите на пазарот на труд и го збогатија целокупниот настан.
Нашите истражувања покажаа дека голем број од компаниите и институциите не посветуваат доволно внимание на кариерниот развој, но затоа сме ние тука преку нашиот центар да им помогниме на студентите, да ги насочиме според нивните преференци и да ги поврзиме со АВРМ и бизнис секторот. Во процес сме да креираме модел на унифициран кариерен центар, истакна професорката Дијана Дамевска, раководител на кариерниот центар во БАС.