Карл Билд на средби со политичките лидери, но не и со Иванов

0
317

Поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билд кој од вчера е во Скопје денеска ќе има средби со политичките лидери. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов изјавија дека е побарана средба со него, но дека тој имал веќе друга агенда за денеска.

Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје. Разликите во ставовите помеѓу политичките партии се сè подлабоки. Ситуацијата е мошне сериозна, напиша Билд вчера на својот Твитер профил, коментирајќи ја политичката ситуација во земјата.

Официјално не е соопштено во каква мисија доаѓа Билд. Тој на Твотер профилот најави дека е во Скопје во рамки на тинк тенк органзиацијата Европски совет за надворешни работи.