Кармина Бурана на сцената во Битола

0
1155

Македонската опера и балет ќе гостува во Битола со популарната кантата „Кармина Бурана“, настан со кој започнува серијата големи културни настани во Центарот за култура. На 5-ти март МОБ ќе настапат на сцената во големата сала на Центарот за култура со 150 уметници и солистите Игор Дурловски, Наде Талевска и Горан Начевски.
Режисер на оваа сценска кантата дело на Карл Орф, е Дејан Прошев, а диригент Иван Еминовиќ. Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ.

Од Центарот за култура информираат дека после овој настан следуваат концерти на Камерниот оркестар на Битола, националниот ансамбл на народни песни и игри на Македонија – „Танец“, како и концерт на Македонската филхармонија.
Во меѓувреме се подготвуваат и за 18-то издание на Интернационалниот фестивал за монодрама.