Карневал во Струмица

0
1410

Дождот не беше никаква пречка илјадници граѓани да бидат дел и од годинешниов, традиционален Струмички карневал, што се одржа синоќа.

Во Струмица на карневалската парада своите маски ги преставија над 3.000 учесници.

Рокери, стјуардеси, ликови од цртаните филмови и митологијата, се дел од маските кои годинава се застапени на Струмичкиот карневал. Синоќа на отворањето се избрани принцот и принцезата, Никола и Наташа Илиеви од царството на Амон Ра. Организаторите се задоволни од квалитетот на понудените маски.

За разлика од претходните години, оваа година само градоначалникот Зоран Заев дојде без маска, како гостин на карневалот.

Преку карневалот продолжува вековната традиција, а градот 25 години ужива во прекрасните маски.

Овој карневал е посветен на верените девојки и празникот Тримери, а ќе  продолжи и во наредните денови.

maska10

maska9

maska7(1)

maska6

maska5

 

фото: СтрумицаНет