Каролина гостин на концертот на Дуке Бојаџиев во Карнеги хол

0
1040

Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева, по покана на македонскиот композитор и пијанист со светско реноме Дуке Бојаџиев, ќе биде специјална гостинка на неговиот концерт заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 7-ми октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк.
На концертот во овој музички центар на кој настапуваат едни од најврвните репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, каде комплетен автор е токму Дуке Бојаџиев. Снимена е и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ на Ивица Јанкуловски во Скопје.
Најновата песна на Каролина и Дуке доживеа македонска премиера минатиот месец и наиде на големо воодушевување кај македонската јавност.

Без коментари

LEAVE A REPLY