Каролина, Љубојна и Продиџи со донации

0
1135

Од Авалон продукција информираат дека  Каролина Гочева донираше 60000 денари за настраданите семејства.
“Нема зборови со кои може да се искаже сочувство до семејствата кои изгубија свои блиски во поплавата која му се случи на Скопје. Тоа со ништо не може да се надомести. Сепак, сега е време кога треба да сме единствени и секој треба да помогне колку што може и како што може за да им помогне на настраданите“ вели Гочева.

Англиската електронска група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината.
Членовите на групата упатија сочувство до семејствата на жртвите.
– Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци, напиша групата на социјалната мрежа.
Концертот на „The Prodigy“ треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на првото издание на фестивалот на отворено „Ohrid Calling“.

15 години звучна љубов, 15 години Љубојна. Јубилеј кој најубаво се слави меѓу своите. Овојпат сме им најпотребни на сите оние кои настрадаа во поплавите. Затоа Љубојна ве кани да се соединиме и низ музика да ја покажеме нашата човечност. Дојдете на 17 август во Ракометното игралиште во Битола, во 21:00 часот да ја дадеме нашата хумана поддршка.

Специјални роденденски гости ќе бидат виртуозите Влатко Стефановски и Џамбо Агушев.

Дел од седствата од концертот ќе се донираат за поплавените подрачја во Скопје и околината, а ќе бидат поставени и кутии за донации. Организатор на концертот е Горила продукција.