Карсу Донмез ја разигра битолската публика

0
371

Втората фестивалска вечер на Фестивалот на музика од светот, публиката ја разигра и распеа Карсу Донмез.

На концертот истакна дека напиша и песна за Битола.

– Кога се движевме на Широк Сокак, бевме и до училиштето на Ататурк. Овде архитектурата е прекрасна. Пред една недела бевме во Париз и Битола многу ми заличи на тој град со тие тесни улички. Битола има микс на повеќе култури.Многу ми се допаѓа – истакна Карсу.

За новиот албум Бои кој беше промовиран на концертот во Битола, Карсу истакна – Мојата музика е разновидна.Ние свириме џез, блуз, турска музика, етно и албумот е исполнет со различни музички бои.

Фестивалот на светот е доста значаен затоа што не промовира само еден вид на музика – вели Донмез и додава – Како Македонија, се работи за микс на култури, музички жанрови. Тоа ја прави музиката единствена. Фестивалот е еден светски јазик и да се настапува како дел од истиот е голема чест.