Карсу Донмез на Фестивалот на музика од светот

0
682

Фестивалот на музика од светот е културна манифестација која успева да се издигне над локалното и да го анимира вниманието на публиката во регионот, а тоа го докажуваат многубројните присутни секоја година на овој фестивал.

На 8- то по ред издание на фестивалот, покрај Тереза Салгуеро, ќе настапи и мултиталентираната холандска музичарка со турско потекло Карсу Донмез.

Таа е посебен, импресивен и моќен пијанист, со прекрасни и весели композиции и со енергичниот изглед за кратко време ја освојува меѓународната сцена и станува една од омилените уметници.
Нејзината музика е збогатена со џез, фанк, соул, блуз и реге музика е примена со овации на многу места во светот. Conffesion (2012) е нејзиниот прв студиски албум, нејзиниот последен албум Colors е издаден 2015. Двата албуми се нејзино комплетно авторство. Во 2015-та во Холандија е признаена како една од 10-те највлијателни турски имиња во последните 50 години. Оваа година, Карсу е првиот турски уметник, добитник на најпрестижните музички награди Едисон Џез/Свет 2016 Холандија.

– Оваа година одлучивме да ја повикаме светски познатата пијанистка Карсу Донмез, која за љубителите на музичката уметност ќе одржи два прекрасни концерта. Првиот во „Домот на АРМ“ во Скопје, а вториот во Битола, истакнуваат од Центарот за култура.

Покрај Салгуеро и Карсу на Фестивалот на музика од светот ќе настапат- The new spark jazz orchestra Balkan, кои ќе ја презентираат уметничката програма Woman in jazz.

Годинешното издание ќе се одржи на 5 -ти и 6 -ти ноември .