Карвахал заради повреда го пропушта ЕУРО 2016

0
414

Десниот бек на Реал, Дани Карвахал, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Франција. Карвахал, во саботата против Атлетико, го повреди бутниот мускул и во солзи го напушти теренот на „Сан Сиро“.

Шпанските медиуми пишуваат дека докторите на Реал ја дијагностицирале повредата на десниот мускул, но не понудиле конкретна информација колку ќе трае периодот на рехабилитација.

Шпанскиот селектор во Франција ќе патува со два десни бека, а откако отпадна Карвахал, пандан на десниот бек на Атлетико, Хуанфран, ќе му биде младиот играч на Арсенал Ектор Белерин.

Белерин за Шпанија дебитираше во неделата на пријателскиот натпревар со Босна и Хервеговина (3-1).