Касиљас си оди од Реал

0
168

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Икер Касиљас (34), кој во изминатите 16 години го бранеше голот на Реал Мадрид, ќе го напушти клубот две години пред истекот на договор, пренесе шпанската државна телевизија RTVE.

На местото на Касиљас на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне десет години помладиот Давид де Хеа, голманот на Манчестер Јунајтед, кој долго време е желба на раководството на ’кралскиот клуб’.

Касиљас предвременото заминување од клубот добро ќе го наплати, но RTVE не ја наведува сумата која голманот ќе ја добие како обештетување.

Истиот извор наведува дека Реал заминувањето на Касиљас ќе го објави на крајот од месецот.

Голманот кој е роден во југозападното предградие на Мадрид – Мостолесу, во Реал е од својата деветта година, сé уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата, но според одредени шпекулации тој има намера уште најмалку две сезони да брани во клуб кој има големи амбиции.

Касиљас последен пат го бранеше голот на Реал на 23-ти мај, во последното коло во Примера, против Хетафе.

Проблемите на Касиљас во Реал започнаа во 2013 година кога неколку месеци отсуствуваше поради повреда. Тогашниот тренер Жозе Мурињо од Севилја го донесе Диего Лопез кој со добрата форма се избори за своето место меѓу стативите, додека Касиљас добиваше шанса само во Лигата на шампионите.

Минатото лето како алтернатива за Касиљас, Реал го донесе Костариканецот Кејлор Навас (28), но тој не е задоволен од статусот во тимот и не е исклучено и тој да го напушти клубот.