Касим Каменица тренер на РК Пелистер

0
4306

Денес е промовиран еден од како што беше речено, најдобрите тренери на Балканот Касим Каменица тој се враќа по втор пат во клубот по 30 години.

„ Клубот е во сопственост 100% акционер на општината кога најавивме дека предходната година ќе го стабилизираме клубот финансиски и организационо тоа го направивме, а тоа дека не е за една година проект го докажавме со назначување на Каменица. Со него мислиме дека конечно и спонзорите од градот ќе видат дека се работи сериозно и дека конечно ќе имаме подршка и од нив за да го доведиме клубот онаму каде што припаѓа. Со целосно ангажирање на сите структури оваа е шансата за успешен Пелистер“ рекоа на денешната прес конференција во клубот.