Касим Каменица за македонскиот ракомет

0
1434

Ракометниот тренер Касим Каменица минатата година го превзеде РК.Пелистер, но пред истекувањето на договорот си замина. Во интервјуто за Тера телевизија истакна – Кога ја добив поканата за Пелистер, бев во Турција. Со оглед на тоа што за Пелистер ме врзуваат убави спомени, на претходниот 3 годишен мандат, кога создававме силен клуб, не можев да ја одбијам понудата.

Последниот период ракометот како спорт е доста актуелен, славевме за победата на Вардар, а потоа македонската репрезентација влезе на листата на репрезентации кои следната година ќе играат на првенството во Хрватска.

-Македонија постигнува одлични резултати, посебно машкиот ракомет.Позиционирана е на сите високи позиции, првенства, освен на олимписките игри. Македонците треба да се горди што имаат таква силна репрезентација.Тоа е уште еден доказ дека во Македонија се игра врвен ракомет-вели Каменица.

 

На крај на разговорот ракометниот тренер кој сега е со работен ангажман во Загреб, истакна дека РК.Пелистер е градски клуб зад кој секогаш стоеле силни структури и дека кога би имал можност повторно би се вратил како тренер.