Кастинг за нови модни лица во Битола

0
645

Агенцијата за мода, култура и уметност, Метрополис од Битола, традиционално и оваа година организира кастинг за модели и нови модни лица. Кастингот ќе се одржи на 2-ри април, во малата сала на Центарот за култура од 14 часот. Пријавените треба да се повисоки од 170 см.

Оваа агенција повеќе години е организатор на модната недела во Битола, но освен тоа моделите на Метрополис, учествуваат во бројни музички спотови, кратки филмови, модни недели надвор од Македонија, меѓу кои и модната недела во Љубљана.

 

Освен за модели и нови модни лица, кастингот е отворен за сите волонтери, шминкери, фризери.