Кастинг за статисти во Битола за новата телевизиска серија

0
1506

За потребите за новата македонска серија, за која наскоро ќе започне снимањето, се организира кастинг за статисти во Битола на 12-ти и 13-ти октомври, во фоајето на Центарот за култура.

Аудицијата ќе се одвива од 10 до 20 часот.

– Во потрага сме за луѓе од 9-77 години. Статистите ќе претставуваат минувачи, српски жандарми, бугарски војници, партизани, поети, студенти, турски заптии, тајни агенти, српски ученици кои пеат српска музика од време на Српското кралство и други- вели режисерот Јован Ристовски, одговорен за кастингот во Битола и додава- Би ги замолиле сите оние кои се чувствуваат способни и слободни за актерска игра пред камера и кои би сакале да играат мали кратки ликови, да ни го најават тоа во текот на аудицијата.