Каталонија ќе се отцепува

0
323
Cientos de miles de personas ocuparon las calles del cenro de Barcelona en la manifestación del 11 de Setiembre

Каталонија денеска треба да усвои закон со кој ќе се постават темелите за распишување референдум за независност на 1 октомври, за што Мадрид жестоко се спротивставува.

Референдумот денеска и официјално ќе биде распишан, се дознава од извори блиски на регионалната влада.

Се очекува сепаратистичките партии што имаат мнозинство во регионалниот парламент да усвојат предлог-закон игнорирајќи ја одлуката на шпанскиот Уставен суд со која референдумот се прогласи за неуставен.

Предлог-законот за референдум за независнот ќе биде на дневен ред денеска на специјална седница без расправа, а потоа највисоките претставници на каталонската Влада брзо ќе го потпишат, што ќе биде вовед во голема криза во Шпанија.

Каталонија е најбогата шпанска покраина со 7,5 милиони жители, сопствен јазик и обичаи, а носи една петтина од шпанските приходи во економијата.

Без коментари