Каталонија побара од Мадрид референдум за независност

Каталонија побара од Мадрид референдум за независност

0 186

Владата на шпанската автономна област Каталонија повторно побара од Мадрид референдум за независност, земајќи инспирација од примерот на Шкотска. Барањето е поднесено во отворено писмо до Мадрид, од претседателот Карлес Пучдемон, пишуваат светските агенции.

Богатиот ентитет во североисточна Шпанија со население од 7,5 милиони жители, од почетокот на деценијата повикува на својата независност. Владата на Каталонија ветува да организира во септември референдум со или без согласност на Мадрид. Каталонците се поделени по прашањето, но значително мнозинство сака спроведување на референдум.

Мадрид одбива со образложение дека таквата народна анкета не е предвидена со уставот.

Коментарите се затворени.