Каталонскиот референдум за ЕК е нелегален

0
221

Европската комисија соопшти дека референдумот во Каталонија е нелегален, пишува Ројтерс.

Тие ја повикаа шпанската влада да отпочне дијалог, додавајќи дека насилството не е решение.

„Според уставот на Шпанија, референдумот е нелегален. Ова е внатрешно прашање за Шпанија“, наведоа од Европската комисија.

Ставот на Европската комисија, како што повтори нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер, во прашање е внатрешно прашање што мора да се решава во согласност со уставниот поредок на Шпанија.

Европската комисија нагласи дека е „време за единство и стабилност, а не за поделба и распарчување“.

Комисијата ги повика сите релевантни актери од конфронтација брзо да прејдат на дијалог, наведувајќи дека „насилството не може да биде инструмент во политиката“.

Без коментари