Каталонците доминираат во идеалниот тим на завршниот турнир

0
182

Еден ден по завршувањето на најновото издание на Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави најдобрите на секоја позиција, избирајќи го идеалниот тим на завршниот викенд. Доминираат ракометарите на Барселона, па дури четворица од нив се најдоа меѓу избраните. За најубав гол е избран голот на Арон Палмарсон, а најдобрата одбрана ја има неговиот клубски другар, Андреас Паличка.

Идеален тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)
Лев бек: Карол Бјелецки (Киелце)
Централен бек: Никола Карабатиќ (Барселона)
Десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)
Десно крило Виктор Томас (Барселона)
Кружен напаѓач: Андреас Нилсон (Веспрем)
Голман: Даниел Шариќ (Барселона)

Топ – 5 одбрани
1. Андреас Паличка (Кил)
2. Мирко Аиловиќ (Веспрем)
3. Даниел Шариќ (Барселона)
4. Славомир Шмал (Киелце)
5. Томаш Росински (Киелце)

Топ – 5 голови
1. Арон Палмарсон (Кил)
2. Андреас Нилсон (Веспрем)
3. Тобиас Рајхман (Киелце)
4. Момир Илиќ (Веспрем)
5. Јеспер Нодесбо (Барселона)